Детокс - целер, ѓумбир, морков, јаболко и мандарина

Состојки
- 5 мандарини
- 500 гр јаболки
- 300 гр морков
- 20 гр свеж ѓумбир
- 2 стебленца целер
Начин на подготовка
Поради многуте хранливи и здрави материи кои ги содржи целерот, оваа билка се смета за многу здрава и лековита.
Целерот има особина да го прочистува организмот од токсините, па заради своите анти токсични својства одличен е за чистење на организмот, после зимските денови.
Најпрво се отсранува кората од мандарината и се лупат јаболката ако се третирани со пестициди.
Во нашиот случај, јаболките се нетретирани, и ги ставаме да се цедат заедно со кората и семките.
Ги процедуваме сите плодови наизменично
Користиме Hurom slow juicer преку кој добиваме значително ПОВЕЌЕ сок, a ПОМАЛКУ отпад од истата количина овошје, има подобар вкус, не оксидира и не се одделува сокот од пулпата.
Додека работи соковникот на крај додаваме околку 10-20% вода во соковникот за да се исчисти истиот и за да се разреди сокот.
Напомена: Природните сокови се едноставни за правење, благодетите кои тие ги овозоможуваат на луѓето се многу корисни за здравјето и му даваат сила и енергија на организмот. Тие треба да се пијат веднаш по подготвувањето бидејќи уште по неколку минути доаѓа до оксидација, што значително ја намалува нивната вредност.
Коментари (3)
ashunkwp03vv
ashunk81fhw1
TracyCib