Детокс - куркума, круша, ананас и портокал

4.3/5 оценка (3 гласови)
Детокс - куркума, круша, ананас и портокал

Состојки

  • 6 портокали
  • 2 кг круши
  • 1 исчистен ананас
  • 15-20 гр свежа куркума

Начин на подготовка

  1. Куркумата има биберест, топол и малку горчлив вкус. Овој корен  е најдобро познат како една од состојките кои се користат да се направи кари, исто така е познат и како боја со која се обојуваат многу прехрамбени продукти, меѓу кои е и сенфот.

    Curcuma Longa е латинското име на куркумата, се одликува со темно кафена кожа  и прекрасна портокалова внатрешност. Куркумата долго време се користи во кинеската и индиската медицина како моќно растение (корен) против широк спректар воспалителни процеси како подуеност, жолтица, менструални проблеми, крвава урина, крварење, забоболка, модринки, болки во градите итн, Куркумата традиционално се нарекува "индиски шафран", поради нејзината длабока жолто-портокалова боја, и користењето во текот на историјата како зачин, лек и текстилна боја.

     

  2. Најпрво се отсранува кората од портокалот, се лупат крушите ако се третирани со пестициди.

    Во нашиот случај, крушите се нетретирани, и ги ставаме да се цедат заедно со кората и семките.

    Се цедат и останатите плодови.

    Користиме Hurom slow juicer преку кој добиваме значително ПОВЕЌЕ сок, a ПОМАЛКУ отпад од истата количина овошје, има подобар вкус, не оксидира и не се одделува сокот од пулпата.

     

  3. Додека работи соковникот на крај додаваме околку 10-20% вода во соковникот за да се исчисти истиот и за да се разреди сокот.

    Напомена: Природните сокови се едноставни за правење, благодетите кои тие ги овозоможуваат на луѓето се многу корисни за здравјето и му даваат сила и енергија на организмот. Тие треба да се пијат веднаш по подготвувањето бидејќи уште по неколку минути доаѓа до оксидација, што значително ја намалува нивната вредност.

Коментари (1)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.