Детокс - ѓумбир, црвена зелка, јаболко и портокал.

5.0/5 оценка (1 гласови)
Детокс - ѓумбир, црвена зелка, јаболко и портокал.

Состојки

  • 4 портокали
  • 1 кг јаболки
  • 1/3 виолетова зелка
  • 200 гр свеж ѓумбир

Начин на подготовка

  1. Овој рецепт за сок од црвена зелка е потполно природен и супер здрав. Црвената зелка во комбинација со јаболка и ѓумбир е изненадувачки вкусна! Го зајакнува имунолошкиот систем, има невеорајтни својства против стареење и е богат со состојки кои се борци против ракот! Откако ќе го пробате овој сок, сигурни сме дека ќе стане вежен дел од вашата исхрана

  2. Најпрво се отсранува кората од портокалот, се лупат јаболката ако се третирани со пестициди.

    Во нашиот случај, јаболките се нетретирани, и ги ставаме да се цедат заедно со кората и семките.

    Се цедат и останатите зеленчуци.

    Користиме Hurom slow juicer преку кој добиваме значително ПОВЕЌЕ сок, a ПОМАЛКУ отпад од истата количина овошје, има подобар вкус, не оксидира и не се одделува сокот од пулпата.

  3. Додека работи соковникот на крај додаваме околку 10-20% вода во соковникот за да се исчисти истиот и за да се разреди сокот.

    Напомена: Природните сокови се едноставни за правење, благодетите кои тие ги овозоможуваат на луѓето се многу корисни за здравјето и му даваат сила и енергија на организмот. Тие треба да се пијат веднаш по подготвувањето бидејќи уште по неколку минути доаѓа до оксидација, што значително ја намалува нивната вредност.

Коментари (2)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.