Детокс - коријандер,јаболко, блитва и портокал

Состојки
- 4 портокали
- 1 кг јаболки
- 5 листа блитва
- 1 врзоп коријандер
Начин на подготовка
Коријандерот е познат како одличен врзувач за тешките метали од организмот. Ова значи дека содржи состојки кои едноставно ги наоѓаат тешките метали во вашето тело, се врзуваат со нив и им помагаат да ги исфрлите од вашиот систем. Со други зборови, коријандерот е еден од најдобрите, ако не и најдобро детокс растение на земјата.
Најпрво се отсранува кората од портокалот, се лупат јаболката ако се третирани со пестициди.
Во нашиот случај, јаболките се нетретирани, и ги ставаме да се цедат заедно со кората и семките.
Се цедат и останатите зеленчуци.
Користиме Hurom slow juicer преку кој добиваме значително ПОВЕЌЕ сок, a ПОМАЛКУ отпад од истата количина овошје, има подобар вкус, не оксидира и не се одделува сокот од пулпата.
Додека работи соковникот на крај додаваме околку 10-20% вода во соковникот за да се исчисти истиот и за да се разреди сокот.
Напомена: Природните сокови се едноставни за правење, благодетите кои тие ги овозоможуваат на луѓето се многу корисни за здравјето и му даваат сила и енергија на организмот. Тие треба да се пијат веднаш по подготвувањето бидејќи уште по неколку минути доаѓа до оксидација, што значително ја намалува нивната вредност.
Коментари (1)
EugenevaH