Домашен путер од кикирики - рецепт на Драгана Велковска

5.0/5 оценка (1 гласови)
  • Порции: 4
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Путери
Домашен путер од кикирики - рецепт на Драгана Велковска

Состојки

  • 500 гр живи кикирики
  • 2 големи лажици агаве сируп
  • 1 мала лажичка хималајска сол

Начин на подготовка

  1. Домашен путер од кикирики е еден од неколкуте рецепти кои ни ги испрати Драгана Велковска за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

    Исплакнете ги кикириките со студена вода, исушете ги малку со крпа, па додајте агаве сируп и хималајска сол. Убаво измешајте ги сите кикирики и наредете ги во еден слој на сад за печење обложен со мрсна хартија.

  2. Печете околку 30-35 минути во рерна загреана на 180°С. Оставете да се оладат, па префрлете ги во блендер.

  3. Миксирајте додека смесата не стане кремаста. Не е страшно ако ви останат некои парченца, па и цели кикирики, тоа само му дава дополнителна убавина и текстура на путерот.

     

  4. Префрлете ја смесата во стаклен сад со капак и чувајте ја во фрижидер. Има рок на траење околу два месеца.

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.