Домашна зачинска мешавина

4.0/5 оценка (4 гласови)
  • Порции: 1
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Зачини
Домашна зачинска мешавина

Состојки

  • 2 главици целер
  • 4 пашканат
  • 500 гр морков
  • 2-3 врзопи магдонос
  • 100 гр хималајска сол

Начин на подготовка

  1. Во најголемиот сад во процесорот за храна Magimix го ставате ножот во форма "S", и почнувате да ги обработувате зеленчуците еден по еден.

  2. Морковот се обработува до големина од 5мм, пашканатот и целерот до големина од 2-3 мм, додека магдоносот и листовите од целерот се ситнат до 1мм.

  3. Потоа сите ги ги ставате во поголем стаклен сад и ја додавате химајалската сол.

  4. Кога убаво ќе ја размешате солта со зеленчукот, се става во стаклени тегли и се чува во фрижидер на температура од 5 степени.  

  5. Напомена : Овој домашен зачин можете да го користите во било која жива супа, или пак во било кое готвено јадење.

Коментари (2)

  • Нерегистрирани

    13 Февруари 2014 u 20:32 |
    Колку долго вака може да стои во фриждер и да се користи?
  • Milanka Petrova

    13 Февруари 2014 u 22:36 |
    Во фрижидер може да стои неколку месеци, солта всушност дејствува како природен конзерванс. Поздрав.

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.