Есенско утро

Состојки
- 1 литар млеко од лешници
- 200 гр тиква
- 2 јапонски јаболка,излупени
- 1 лажичка цимет
- прстофат мускатно оревче во прав
- 1 лажичка природна ванила паста
- 7-8 излупени урми
Начин на подготовка
Рецептот за млекото од лешници можете да го видите овде. Излупете ја тиквата, насечете ја на помали парчиња и ставете ја во блендер.
Додадете ги излупените јапонски јаболка, урми, цимет, мускатно оревче и ванила паста. На крај додадете го млекото од лешник.
Изблендирајте добро додека не добиете изедначена смеса.
Придобивките од консумирање тиква се многубројни. Содржи витамин Б1, Б2, Б6, Ц и Е и бета каротен, минерали- фосфор, калциум, магнезиуми железо и растителни влакна, а има многу малку калории. Се препорачува да ја консумираат луѓето со висок холестерол и оние со вишок килограми.
Јапонското јаболко, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.
Кога ќе ги споите овие две овошја во еден кашест сок, ќе добиете вистинска нутритивна бомба.На здравје!
Коментари (4)
ashunkwcggg2
AaronLaupt
KennethTut
AlfredSoppy