Ферментиран прокељ и карфиол

5.0/5 оценка (1 гласови)
Ферментиран прокељ и карфиол

Состојки

  • 1 глава карфиол
  • 500 гр прокељ
  • 6 млади кромидчиња
  • 2 лажички хималајска сол (или по вкус)
  • 1 лажица течност од ферментирани зеленчуци (изборно)

Начин на подготовка

  1. Конзумирањето на зеленчукот од фамилијата зелки во која спаѓаат зелката, брокулата, прокељот е познат по тоа што го намалуваат ризикот од бројни видови рак како рак на белите дробови, на дебелото црево, на дојка, на јајниците и на мочниот меур. Причина повеќе да уживате во вкусот на салата од кисел прокељ со карфиол.

    Почнавме да стануваме вистински зависници од ферментираните зеленчуци, сега во секој момент на прозорецот стојат барем 5-6 големи тегли од различни ферментирани зеленчуци.

  2. Најпрво убаво се мијат зеленчуците.

    Младиот кромид се сецка на мали тркалца, а карфиолот може да го одделите и со рака на мали делови.

     

  3. Измешајте ги зеленчуците убаво со солта и додадете вода колку да ги облие и додадете течност од веќе ферментирани зеленчуци (расолница на пример)

    Ставете една мала порцеланска чинија, која ќе ги држи зеленчуците во водата.

    Овој зеленчук е доволен за тегла од 2.5 литри

  4. На собна температура (ние ги чуваме теглите на прозорец) прокељот и карфиолот ќе ферментираат за околу 2 недели.

    После тој период треба да ги префрлите на поладно или во фрижидер.

  5. Кога чувате ферментиран зеленчук дома, секогаш имате готова спремна салата.

    Добар апетит!

Коментари (5)

  • ashunkbpekkn

    17 Декември 2016 u 17:26 |
    atarax acomplia usa levaquin lasix tretinoin cream
  • ashunkpqhlak

    21 Декември 2016 u 19:54 |
    viagra voucher flagyl online where to buy prednisone bactroban
  • AaronLaupt

    30 Декември 2016 u 14:54 |
    bentyl no rx buy levitra Erythromycin cialis online buy rimonabant
  • RobertWrids

    05 Јануари 2017 u 19:37 |
    augmentin 875 mg article source allopurinol without prescription effexor online
  • CharlesSmabe

    10 Јануари 2017 u 22:08 |
    cost of diclofenac retin-a dipyridamole aspirin singulair lisinopril 10 mg amantadine hcl 100mg trecator sc without prescription

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.