Гвакамоли (макало од авокадо)

5.0/5 оценка (3 гласови)
Гвакамоли (макало од авокадо)

Состојки

  • 2 зрели авокада
  • 3 гранчиња млад кромид
  • 3-4 чешниња лук или 3-4 лажички макало од лук
  • 6 лажици исечкан магданос
  • 3 лажици исечкан коријандер
  • 1 лажица сок од свежа лимета
  • 1 исечкан свеж домат
  • 1/2 лажичка хималајска сол
  • 1-2 лути пиперчиња (изборно)

Начин на подготовка

  1. Гвакамоли е макало направено од авокадо, коешто оригинално потекнува од Мексико. Името е изведено од два збора на Ацтеките – ahuacatl (авокадо) и molli (сос). Тајната за совршено гвакамоли е во користењето на добри, зрели авокада. Проверете колку се зрели авокадата со нежно притискање на надворешноста на авокадото. Ако не се познава местото каде што сте го притиснале, авокадото сè уште не е зрело и нема да има добар вкус. Ако се познава притиснатото место, тоа значи дека авокадото е зрело. Ако е многу меко, авокадото може да е со поминат рок и да не е добро, па во овој случај, пробајте го пред употреба.

  2. Ставете ги авокадата, чешнињата лук, 2 лажици од исечканиот магданос, сокот од лимета и хималајската сол во Vitamix блендерот.Изберете менлива брзина. Вклучете ја машината и бргу зголемете ја брзината до менлива. Блендирајте околу 15-20 секунди, употребувајќи ја рачката за да ги потиснете состојките до сечилата.Можеби ќе треба да ја запрете машината и со шпатула да поминете по страните во внатрешноста на садот за да ги спуштите состојките на дното.

  3. Продолжете со блендирањето и покачете ја брзината до менлива 5 додека не ја постигнете густа кремаста смеса со саканата структура на макалото (околу 20-30 секунди).

  4. Потоа, преостанатите состојки, исечканиот домат, кромид, преостанатиот магданос и коријандерот измешајте ги со добиената смеса.

  5. Доколку сакате луткаст вкус, може да додадете 1-2 исечкани лути пиперчиња, со отстранети дршки и семе. Вака направеното гвакамоли може да го јадете веднаш или да постои неколку часа во фрижидер за да се балансира вкусот.

  6. Можете да го декорирате со црвени ротквици или со парченца домати и магданос.

Коментари (3)

  • ashunkf6kldv

    14 Декември 2016 u 04:54 |
    Tadacip fluticasone propionate nolvadex cost
  • MichaelEmuch

    03 Јануари 2017 u 03:48 |
    buy suhagra digoxin minocycline for uti buy acticin moduretic generic avana prednisolone acetate
  • EugenevaH

    11 Јануари 2017 u 05:43 |
    crestor 10 mg doxycycline online tamoxifen for men buy cefixime read more here where can i buy lasix buy chloromycetin homepage here where can i buy acyclovir

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.