Кисела павлака

Состојки
- 200 гр. индиски ореви
- 120 мл чаша вода
- 60 мл лимонов сок
- 3/4 лажичка кромид во прав
- 1/2 лажичка сол
Начин на подготовка
Индиските ореви потопете ги во вода неколку часа и исплакнете ги пред употреба. Ако имате моќен блендер како Vitamix, можете да ги употребите суви.
Додадете ги сите состјки вклучувајќи ги и индиските ореви во вашиот блендер.
Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Ставете ја добиената павлака во длабок сад и оставете ја во фрижидер најмалку 2 часа.
Оваа павлака може да се користи како додаток на јадења, како макало со зеленчук или за крем салати.
Коментари (1)
PeterAlatt