Кокосови мразулки

Состојки
- 100 мл кокосово масло
- 100 гр бобинки( малини, боровинки, јагоди)
- семе од 1/2 ванилино стапче
- Засладувач по вкус – урми, стевија, мед...(ние користевме урми)
Начин на подготовка
Нежно стопете го кокосовото масло на шпорет во двоен сад. Додека се топи кокосовото масло, обработете го овошјето во блендер. Додадете го и засладувачот.
Истурете го истопеното кокосово масло во Vitamix блендерот и обработете го заедно со другите состојки. Оставете го да работи блендерот додека убаво не се измеша маслото со овошјето.
Добиената смеса ставете ја во силиконски калапи и оставете ги во замрзнувач да се стврднат. По половина час, извадете ги од калапчињата и чувајте ги во замрзнувач во соодветен сад.
Напомена: Во нашите рецепти ние секогаш користиме бобинки кои растат на македонските планини како боровинки, малини и капини, додека оние другите како аронија, рибизла, јагода и сл ги набавуваме строго од производители кои одгледуваат бобинки без употреба на пестициди или вештачки ѓубрива.
Коментари (2)
TracyCib
BennyScorn