Кокосовки

Состојки
- 200 гр. бадеми потпоени во вода 8 часа
- 15 излупени урми
- 20 гр кокосово масло
- 2 лажички природна ванила паста
- прстофат хималајска сол
- 2 лажички лимонов сок
- 100 гр кокосови снегулки
Начин на подготовка
Потопените бадеми излупете ги и ставете ги во дехидратор да се сушат.
Доколку оваа постапка ви е предолга, можете бадемите да не ги потопувате меѓутоа основата во тој случај ќе биде со потемна боја.
Со помош на Vitamix додатокот за суво мелење, добиваме брашно од лупените бадеми.
Исто така, можете наместо бадемите да употребите и друго јаткасто овошје – лешници, ореви, индиски ореви и слично.
Ставете ги сите состојки во Magimix процесорот за храна и обработете додека не добиете изедначена смеса.
Од добиената смеса со рака направете топчиња и извалкајте ги во кокосовите снегулки.
Овие кокосовки се прават едноставно и се неодоливо вкусни, посебно за дечињата.
Тоа го забележа и нашиот фотоапарат на кој не му побегна немирното детско раче кое успеа да украде неколку кокосовки.
Кокосовото масло во последно време станува сè повеќе популарно и тоа со причина. Неговата единствена комбинација на масни киселини има големи позитивни ефекти врз здравјето.
Ова вклучува губење на килограми, подобрена мозочна функција , има антибактериски, антивирусни и антигабични својства помагајќи во борба со инфекциите.
Коментари (2)
ashunkknv257
AaronLaupt