Компир салата

Состојки
- 500 гр компири
- 2-3 моркови
- 1/2 глава брокула
- 3 млади кромитчиња
- малку шафран
- хималајска сол по вкус
- црн бибер по вкус
Начин на подготовка
Варените компири се природно богати со витамини и минерали, посебно калиум, фосфор, Б-комплекс витамини и витамин Ц. Содржат малку калории и масти, а нивната богата содржина со растителни влакна ќе ви помогне да се чувствувате заситено. Наспроти популарното верување, тие не дебелеат.
Излупете ги компирите и ставете ги во тенџере да се варат со малку шафран.
Во меѓувреме бланширајте ги брокулата и морковите, односно ставете ги 1-2 минути во зовриена вода, па веднаш потоа во ладна вода.
Кога ќе се цварат компирите, исечете ги на кругови, додајте ги бланшираните моркови и брокулата и ставете ги во длабока стаклена чинија.
Младите кромитчиња исечкајте ги на крукчиња и исто така додадете ги во салатата
Зачинете со црн бибер и хималајска сол по вкус.
Добар апетит!
Коментари (2)
RobertWrids
CharlesSmabe