Крем супа со црвена леќа - рецепт на Лилјана Давкова

5.0/5 оценка (2 гласови)
  • Порции: 4
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи
Крем супа со црвена леќа - рецепт на Лилјана Давкова

Состојки

  • 150 гр. црвена леќа
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица куркума
  • 1/2 лажичка буковец - толчена црвена пиперка
  • 1 лажичка ким
  • 2 лажички синапово семе
  • 1 глава кромид
  • 2 чешниња лук
  • еден грст спанаќ
  • еден грст магданос
  • хималајска сол и црн бибер по вкус
  • лимонов сок по вкус

Начин на подготовка

  1. Крем супа од црвена леќа е третонаградениот рецепт на Лилјана Давкова за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

    Црвента леќа ставете ја во 800 мл. вода која веќе врие, намалете ја температурата и оставете на тивко да се вари околу 15 мин. или додека не забележите дека веќе е разварена. Таа ќе се згусти.

     
  2. Исечкајте го ситно кромидот и лукот, ставете ги кратко  да се потпржат на маслиновото масло, додадете ги и толчениот црвен пипер, кимот, синаповото семе, па сето ова додадете во сварената леќа. Изблендирајте ги состојките за да  добиете кремаста смеса. Во кремот од леќата додадете го спанаќот и магданосот, вратете тенџерето на оган кратко да проврие, колку да омекне спанаќот. Тргнете настрана и измешајте.

  3. Сервирајте и додадете лимонов сок во приготвената крем супа.

Коментари (1)

  • BennyScorn

    06 Јануари 2017 u 16:38 |
    rogaine 5 yasmin here buy triamterene cefixime cymbalta capsules azithromycin

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.