Крем супа со печурки

Состојки
- 1 глава исечкан кромид
- 3 чешниња истолчен лук
- 500 гр исечкани печурки
- 400 гр компири
- 1 ½ литар вода (или зеленчукова вода)
- ½ лажичка суво оригно
- ½ лажичка сува мајчина душица
- 2 лажици нутритивен квасец
- 200 гр сурови индиски ореви (потопени во вода неколку часа)
- сол и бибер по вкус
Начин на подготовка
Најпрво сварете го компирот.
Ставете ги кромидот и лукот во тава со малку вода и ставете ги на оган додека кромидот не стане проѕирен.
Потоа, додадете ги печурките и динстајте ги додека не ја намалат својата големина.
Остатокот од водата, ставете го во тенџере, додадете ја смесата со печурките и зачинските билки и оставете да се вари на средна температура.
Извадете 500 мл од жешката супа и изблендирајте ја со индиските ореви, компирот и нутритивниот квасец додека не се добие кремаста смеса.
Вратете ја смесата во тенџере, зачинете со сол и бибер по вкус.
Нека се вари уште неколку минути додека не се згусти.
Украсете со гранчиња свеж, млад кромид и уживајте во извонредниот вкус!
Добар апетит!
Коментари (1)
AlfredSoppy