Лазања од тиквички

4.5/5 оценка (4 гласови)
Лазања од тиквички

Состојки

  • ПЕСТО ОД Ф’СТАЦИ:
  • 1 врзопче босилек (без дршки)
  • 50 гр спанаќ
  • 50 гр лупени ф’стаци
  • 2 лажици девствено маслиново масло
  • 1/4 лажичка хималајска сол
  • 1/2 лажичка лимонов сок
  • прстофат свежо мелен црн бибер
  • МАРИНАРА ОД ДОМАТИ И ЦРВЕНИ БАБУРИ
  • ЛАЗАЊА:
  • 1 зелена тиквичка исечена на мандолина
  • 1/2 лажица девствено маслиново масло
  • свежи билки
  • прстофат хималајска сол
  • свежо мелен црн бибер
  • 1 среден домат
  • ливчиња босилек или друга билка за декорирање
  • Урда од макадамија јатки

Начин на подготовка

  1. Рецептот за урдата од макадамија можете да го најдете овде.

    ПЕСТО ОД Ф’СТАЦИ: Ставете ги сите состојки за песто во процесор за храна и мешајте додека добро да се соединат состојките, но сепак да останат мали парченца од нив. Пестото не треба да биде потполно мазно и кремасто.

  2. Рецептот за маринарата од домати и црвени бабури можете да го најдете тука.

    ЛАЗАЊА: Откако ќе ги направите пестото, урдата и маринарата, следно на ред доаѓа да се направи лазањата од тиквички. Тиквичката се сече со помош на сецко (мандолина) на тенки долганвести парчиња. Приближно со дебелина треба да бидат 4 мм. Краевите од добиените парчиња се отсекуваат со помош на нож.

  3. Следно на ред е редењето на лазањата. За 1 порција лазања, потребни се три парчиња од исечената тиквичка.Најпрво се премачкуваат со малку маслиново масло и се зачинуваат со малку црн бибер и хималајска сол. Се зема едно парче од тиквичката, се премачкува со маринарата од црвени пиперки, се додава 2-3 лажички урда од макадамија и 2-3 лажички песто од ф’стаци. Истата постапка се повторува и со другите две  парчиња. Последниот ред се украсува со парчиња обичен или шери домат и со листови свеж босилек.

Коментари (2)

  • ashunknsotqa

    14 Јуни 2016 u 09:46 |
    erythromycin 500mg bupropion 150 mg ampicillin online
  • KennethTut

    09 Јануари 2017 u 16:40 |
    torsemide brand name shatavari cialis prices cefixime buy ventolin vardenafil stromectol lexapro found it for you

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.