Макало со лук

4.3/5 оценка (12 гласови)
Макало со лук

Состојки

  • 4 глави лук со средна големина
  • сок од 1/2 свежо цеден лимон
  • 250 мл ладно цедено маслиново или масло од семки од грозје
  • Хималајска сол по вкус
  • Изборно-малку вода

Начин на подготовка

  1. За здравствените придобивки од лукот, помалку или повеќе, знаеме сите. Тој е природен антибиотик и антисептик, а со овој рецепт на одличен начин можете да ги почувствувате овие придобивки.

    По неколку неуспешни обиди, среќна сум што конечно рецептот го погодив како што треба. А како, ќе откриете и вие.

    Најпрво, одберете лук од старо семе, тоа е оној поситен,со различна големина. Не користете од оној кој сите глави лук изгледаат идентично и со еднаква големина. Уште подобро за овој рецепт е лукот да биде сочен.

  2. Излупете ги чешнињата лук, можете и малку да ги натопите со вода затоа што полесно се лупат. Ставете ги излупените чешниња со солта во дрвен аван и добро истолчете ги, што би се рекло, додека не им ја „извадите маста“.

  3. Потоа, ставете ја добиената смеса во стаклена тегла или друг стаклен сад, додадете сосема мала количина од маслото и со миксер на кој е поставена само едната перка почнете да матите.

  4. Продолжете постепено да ставате по мала количина од маслото додека  не добиете смеса слична на мајонез. Исто така, постепено ставајте од лимоновиот сок додека не го дотерате по ваш вкус. Можете да ставите и малку вода ако сакате да го разредите. Ако е потребно додадете уште сол.

     Уживајте во ова вкусно и здраво македонско макало.

Коментари (3)

  • ashunk5r3bb2

    22 Декември 2016 u 09:39 |
    triamterene canadian pharmacy viagra prednisolone augmentin generic cheapest online viagra ventolin diskus 60 mg prozac buy lisinopril erythromycin 500 mg
  • TracyCib

    03 Јануари 2017 u 23:56 |
    buy retin-a elocon bupropion without a prescription Order Fluoxetine
  • EugenevaH

    06 Јануари 2017 u 14:59 |
    diclofenac sod buy viagra soft tabs propecia cost buy kamagra oral jelly online metformin online pharmacy lexapro celexa

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.