МаКао

Состојки
- 4 лажички какао во прав
- 3 лажички мелен рогач
- 1- 2 лажички лукума
- семе од 1/2 ванила мешунка
- 2 големи лажици мед
- 1.6 литри свежо растително млеко од лешници
Начин на подготовка
Ова маКао е балансирана комбинација од животворни, стимулирачки и балансирачки супер храни. Мешавина, со која можете моќно да го започнете вашиот ден, што полека ќе ве подигне попладне и ќе ве опушти навечер. Со какао, мака, лукума, рогач, ванила ќе бидете оптимално снабдени со сите есенцијални нутриенти.
Ставете ги сите состојки во садот за влажна обработка. Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина.
Доволно е машината да работи 30 секунди со што добивате здрав и вкусен, суров милк шејк. Вистинско уживање.
Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 1.8 литри квалитетен и здрав милк шејк, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирниците и водата.
Коментари (3)
ashunkqs2y6m
ashunk76srx8
EugenevaH