Маракуја - зелен сок

Состојки
- 1 маракуја (passion fruit)
- 10 листа блитва
- 1 банана
- 200 гр свежи или смрзнати кајсии
- Сок од 3 цедени портокали
- 10 урми или додадете засладувач според ваш вкус
Начин на подготовка
Маракујата (passionfruit), основата на овoj сок е необично, но исклучително овошје. Најмногу е познато по тоа што дејствува смирувачки на нервниот систем , па по неговото консумирање ќе бидете посмирени и поопуштени. Исто така, одличен извор е на антиоксиданти, содржи високи количини на Витамин А, Ц и калиум, неговоте семки се богати со растителни влакна, го намалува холестеролот во крвта и крвниот притисок.
Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).
Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди.
Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 5-10 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.
Потоа можете да ја декорирате чашата со портокал или семки од маракуја.
Послужете веднаш и уживајте во прекрасниот вкус исполнет со xранливост.
Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L зелен сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.
Коментари (2)
ashunk9tdt1y
BennyScorn