Мини канелони

5.0/5 оценка (1 гласови)
Мини канелони

Состојки

  • 1 поголема тиквичка
  • 100 гр карфиол
  • 50 гр пињоли
  • 100 гр органска смрзната пченка
  • 10 мл тамари

Начин на подготовка

  1. Најпрво ќе го ставите карфиолот да се обработи до големина на ориз во Magimix  процесорот за храна.

  2. Извадете го карфиолот од процесорот и додадете ги пињолите и пченката, измешајте ги убаво и додадете го тамарито.

  3. Тиквичката исечете ја на тенки ленти со помош на сецко( мандолина).

  4. На секоја лентичка ќе ставате по една мала лажичка од веќе подготвената смеса и замотајте ја во вид на канелони.

  5. Откако ќе ги замотате сите ленти, ставете ги малите канелони во дехидраторот Excalibur да се сушат на температура од 41 степен околку 4-6 часа или се додека не станат цврсти како на сликата.

    п.с - Доколку немате трпение да ги сушите, слободно можете да ги јадете без сушење.

Коментари (22)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.