Мини торти

5.0/5 оценка (2 гласови)
  • Порции: 8
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Десерти
Мини торти

Состојки

  • ВЛАЖНИ СОСТОЈКИ:
  • 60 мл агар агар паста
  • 120 мл агаве нектар
  • 240 мл пире од јаболка (направено од излупени јаболка)
  • 2 зрели банани
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици изрендана кора од органски лимон
  • 1 лажичка изрендана кора од органски портокал
  • 3 лажици лимонов сок
  • прстофат хималајска сол
  • СУВИ СОСТОЈКИ:
  • 1 лажичка афион
  • 60 гр мелено ленено семе
  • 240 гр кокосово брашно
  • 240 гр брашно од наут
  • 120 гр кокосов шеќер
  • ВАНИЛА КРЕМ:
  • 240 гр индиски ореви потопени во вода
  • 120 мл бадемово млеко
  • 120 гр излупен свеж кокос
  • 120 мл агаве нектар
  • 1/2 лажица лимонов сок
  • 1/2 лажица ванила екстракт
  • Семе од 1/4 мешунка од ванила
  • прстофат хималајска сол
  • 120 мл стопено кокосово масло

Начин на подготовка

  1. Ако немате органски лимон и портокал, изоставете ги ренданите кори бидејќи обичните се подложени на многу прскања и нивните кори не се јадат.

  2. Агар агар пастата ќе ја добиете со мешање на сув агар агар со вода според упатството на пакувањето.

  3. Изблендирајте ги влажните состојки. Во длабока чинија, добро измешајте ги сувите состојки. Ставете ја смесата од влажните состојки во сувите и повторно добро измешајте.

  4. Добиеното тесто ставете го во калап за торта или во силиконски модли (cupcakes).

  5. Овој рецепт е најдобар кога ќе отстои во фрижидер преку ноќ. Дехидрирањето е изборно, ако сакате крцкава кора.

     

  6. Ванила крем: Изблендирајте ги добро состојките во Vitamix и ставете го фрижидер за малку да се зацврсти.Кремот со шприц нанесете го врз мини тортите.

     

    Украсете со афионово семе и вашиот десерт е готов.

     

Коментари (2)

  • AlfredSoppy

    30 Декември 2016 u 22:59 |
    lisinopril buy advair diskus zestril propecia glyburide metformin cheap propecia for sale tetracycline price sildalis order retin-a revia
  • EugenevaH

    03 Јануари 2017 u 16:39 |
    Methotrexate abilify online caverta buy cafergot buy fluoxetine advair hfa

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.