Млеко од лешник

Состојки
- 150 гр. лешници претходно потопени во вода во времетраење од 5-8 часа, се ставаат во блендер, па дополнувате со вода.
Начин на подготовка
Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди, со што добивате вкусно, здраво и посно млеко за пиење или готвење.
Потоа содржината се процедува низ вреќичка за растително млеко или газа. Со тоа растителното млеко е готово.
Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 1.8L растително млеко, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата.
Доколку сакате да го заблажите млекото , додајте свежи излупени урми, мед или засладувач според ваш вкус.
Напомена : Ние секогаш користиме македонски органски лешници кои имаат неспоредливо поубав вкус од увозните кои се продаваат на пазар.
Коментари (2)
KennethTut
AaronLaupt