Мотовилец меѓу срца

Состојки
- 150 гр свеж мотовилец
- 1 парче дајкон
- 1 глава цвекло
- 20 гр ореви потопени во вода
- неколку брусници
- сок од 1 лимон
- хималајска сол по вкус
Начин на подготовка
Најпрво добро измијте ги сите состојки. Дајконот и цвеклото исечете ги на тенки парчиња со помош на сецко-мандолина. Потоа од нив со помош на метално калапче во вид на срце исечете ги за да добиете правилна форма на срце.
Мотовилецот ставете го во рамна чинија. Додадете ги срцата од дајкон и цвекло, оревите и брусниците. Измешајте ги состојките со лимоновиот сок и хималајската сол.
Мотовилецот е едногодишно растение, кое се карактеризира со низок раст и мали заоблени и меки ливчиња. Мотовилецот е богат со витамини А, Б и Ц, минерали, калиум, калциум и железо, исто така, содржи протеини и растителни влакна, фитонутриенти и антиоксиданти кои штитат од рак и кардиоваскуларни заболувања. Освен тоа, го намалува лошиот (ЛДЛ) холестерол, а го зголемува добриот (ХДЛ) холестерол и има одличен вкус.
Коментари (12)
ashunkj6iugx
ashunk0mcxgk
ashunkawx54z
ashunkj1ldmb
BennyScorn
BennyScorn
AlfredSoppy
BennyScorn
BennyScorn
AaronLaupt
AlfredSoppy
TracyCib