Највкусна салата

Состојки
- 2 краставици
- 2 авокада
- 2 роткви
- 3 чешниња лук
- Сок од 1 цеден лимон
- Хималајска сол по вкус
Начин на подготовка
Краставицата и авокадото исецкајте ги на коцки од околку 1-1.5 см, додека чешнињата лук исечкајте ги на многу ситни коцки (1-2 мм).
Ставете ги во длабока чинија и додадете го сокот од лимонот.
Авокадото (ако е доволно меко) ќе почне да се топи, односно ќе стане малку кашаво.
Размешајте ја целата смеса уште еднаш.
Земете еден прстенест калап од 8см, и наполнете го.
Ротквата исечете ја на тркалца и наредете ја на врвот, додека калапот не е изваден.
Притиснете ја смесата нежно, и извадете го калапот.
Коментари (1)
EugenevaH