Нутела

4.2/5 оценка (5 гласови)
  • Порции: 10
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Десерти
Нутела

Состојки

  • 250 гр лешници ( претходно потопени во вода 4 часа)
  • 250 гр исчистени урми
  • 50 гр рендан какaо путер
  • 10 мл кокосово масло
  • семе од 1 ванила
  • 2 големи лажици какао во прав
  • 5 мл агаве нектар или мед

Начин на подготовка

  1. Најпрво ставете ги лешниците во Vitamix машината. Прво вклучете го на променлива брзина и зголемете ја од 1 до 10, а потоа вклучете го на максимална брзина.

  2. Со помош на Тамперот низ отворот од малото капаче овозможете добра обработка. Блендирајте додека да стане хомогена смеса, односно густа кремаста структура.

  3. Потоа додадете ги и другите состојки, и блендирајте ги се додека не станат хомогена смеса.

    Со тоа веќе е готова перфектната здрава нутела.

  4. Забелешки:

    • За најдобар ефект, лешниците потопете ги во вода околу 4 часа, а потоа исушете ги во дехидратор
    • Ќе ви биде потребен блендер со високи перформанси (high speed blender) како што е Витамикс, за да го добиете вистинскиот вкус, кремаста и мазна структура

Коментари (71)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.