„Омлет со сланина“

Состојки
- 1 ½ жолта или портокалова бабура
- 15 мл сок од лимон
- 60 грама пињоли (потпоени во вода 30 мин)
- 450 гр замрзната или свежа пченка
- 1/4 помала глава карфиол
- 3 млади кромитчиња
- 20 мл масло од семки од грозје
- 1 мало врзопче власец
- 1 црвена пиперка
- црна сол(кала намак) и бибер
- 2 чешниња лук
Начин на подготовка
Најпрво ставете ја пченката во дехидратор за да се одледи.
Ставете ги пињолите, жолтата бабура, сокот од лимон и 1 младо кромидче (само белиот дел) во Vitamix, и блендирајте се додека не добиете хомогена смеса или пире од пиперки.
Ставете ја пченката во процесор за храна и додадете го карфиолот, младото кромитче, лукот и маслото. Насечкајте ја пиперката на коцкички и измешајте ги состојките од процесорот и пирето од пиперки и добро измешајте.
Не заборавајте да ги ставите црниот бибер и црната сол кој има вкус на варено јајце, па совршено се вклопува во нашиот рецепт.
Ставете го омлетот во дехидратор за да се стопли.
Сервирајте со исечкан власец или младо кромитче и секако чадените буковки кои во овој рецепт глумат чадена сланина :-)
Добар апетит!
Коментари (2)
ashunkj689hl
ashunk61uxyx