Оризов крем

5.0/5 оценка (12 гласови)
  • Порции: 3
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Десерти
Оризов крем

Состојки

  • 250 мл лешниково млеко
  • 120 гр оризово интегрално брашно
  • прстофат сол
  • семе од ванила по вкус
  • јаворов сируп или друг засладувач по вкус
  • какао (изборно)

Начин на подготовка

  1. Овој рецепт претставува вистинско откритие за нас бидејќи  навистина не знаевме дека од ориз може да се добие толку вкусен крем, кој е без глутен, а богат со растителни влакна.

  2. Оризовото интегрално брашно го добивме со мелење на македонски интегрален ориз во Vitamix садот за суво мелење.

  3. Ставете го млекото од лешник во мало тенџере, измешајте го оризовото брашно и вклучете го шпоретот на средна температура.

  4. Со маталка, мешајте ја смесата околу две минути. На почеток, ќе биде водена и ретка, но постепено ќе почне да се згустува. Можете да ја регулирате густината со додавање уште млеко од лешник ако стане премногу густа или со додавање уште оризово брашно ако е пoретка.

  5. Потоа, додајте го засладувачот, ванилата и солта, добро промешајте  и вашиот десерт е е готов за сервирање.

  6. Можете во еден дел од кремот да додадете какао за да  имате двобоен крем. Изборно, сервирајте со кокосови снегулки, парчиња суво или свежо овошје, цимет, јаворовов сируп и сл.

    Овој рецепт е совршен за да ги изненадите вашите пријатели или деца, а нема да ви одземе многу време.
    Добар апетит!

    Напомена: Доколку во веќе готовата смеса имате мали грутчиња од оризовото брашно, ставете ја целата смеса во Vitamix блендерот за да стане хомегена, мазна смеса.

Коментари (16)

  • Нерегистрирани

    17 Октомври 2013 u 23:48 |
  • Нерегистрирани

    17 Октомври 2013 u 23:51 |
    Zdravo - od kade nabavuvate lesnikovo mleko?
    i zasto vo site recepti ne preporacuvate med tuku javorov sirup? ..
    izgleda mn vkusno =p
    • Milanka Petrova

      20 Октомври 2013 u 20:57 |
      Почитувани,
      Млекото од лешник го правиме сами, рецептот може да го видите овде: http://www.somelikeitraw.mk/zoo/item/mleko-od-leshnik. Во врска со јаворовиот сируп, не го препорачуваме исклучиво него, во некои рецепти користиме и мед. Овде не ставивме мед бидејќи мислиме дека е можно да го смени вкусот, но секако можете да користите засладувач по ваш вкус, па да не известите како испаднал. :)
  • Maja

    22 Октомври 2013 u 08:04 |
    A sto pravite so lesnikot sto ostanuva od mlekoto, kade go upotrebuvate zalno e da se frla moze li recept ili ideja. poz.
    • Milanka Petrova

      26 Октомври 2013 u 16:06 |
      Во врска со пулпата од лешници може да се исуши и да се напарават бомбици со урми, рогач и ванила. :)
  • Maja

    22 Октомври 2013 u 16:36 |
    Zdava jas denes se obidov da go napravam vasiot puding od oriz koj na Vegefest go kupivme I bese super a mene ne mi ispadna taka .Se staviv I napraviv po receptot a efektot e redok.Kolku vreme treba da se " vari" na tivok ogan .Decava mi se lutat a bea presrekni deka go pravime. poz.i kade gresam mora da otkrieme.
    • Milanka Petrova

      26 Октомври 2013 u 16:01 |
      Здраво Маја,
      Обично пудингот се згустува за кратко време, приближно 2-3 минути. Морам да напоменам дека овој рецепт не е „жив“ туку готвен вегански, па ако сте го ставиле на температура околу 47 степени можеби затоа не се згустил доволно, треба добро да се загрее. Еве, пробајте на овој начин да известете нè дали испаднал добро.
      Ние кога го подготвувавме овој рецепт за ВегеФест, ни се случи да се одделат густи топчиња од пудинг. Но, тоа лесно може да се реши така што смесата ќе се стави во блендер и ќе се добие повторно прекрасна мазна структура на пудинг.
      Уште еднаш Ве замолувам да нè известите дали испаднал добро пудингот. Поздрав.
  • М

    13 Март 2014 u 08:47 |
    Здраво,

    Би сакала да Ве прашам каде се продава ваков блендер Vitamix во Скопје?
    • Milanka Petrova

      13 Март 2014 u 12:54 |
      Почитувани,
      Блендерот Vitamix може да се купи во Нутри Вита. Повеќе информации може да видите на следниве веб страници: http://nutrivita.mk/prodavnica/vitamix, http://vitamix.mk/. Ако имате други прашања, Ви стоиме на располагање.
  • ashunk87o9w0

    16 Јули 2016 u 06:39 |
    phenergan drug brahmi oil - ayurvedic hair growth massage oil can you buy clomid online mobic hydrochlorothiazide
  • ashunkmpt3s7

    14 Декември 2016 u 14:21 |
    arimidex Cheap Aldactone rimonabant without a prescription cheap synthroid
  • ashunkwq1wy3

    17 Декември 2016 u 03:39 |
    ampicillin online
  • ashunkayv1ih

    21 Декември 2016 u 16:19 |
    homepage here amantadine erythromycin shatavari dostinex
  • RobertWrids

    01 Јануари 2017 u 05:14 |
    Esomeprazole clindamycin online triamterene-hctz 37.5-25 mg capsule
  • TracyCib

    03 Јануари 2017 u 18:35 |
    inderal without prescription cephalexin buy clindamycin
  • PeterAlatt

    05 Јануари 2017 u 14:39 |
    viagra over the counter ventolin online pharmacy ciprofloxacin buy cheap zoloft advair price provera buy sertraline online acyclovir bentyl 10 mg lexapro pills

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.