Овошна кора од јапонско јаболко

Состојки
- 3 јапонски јаболки
- Изборно: бадеми,мед и кокосово масло
Начин на подготовка
Убаво се чисти јаболкото од лушпата, се меша убаво за да нема големи парчиња во смесата.
Се реди на фиоките на дехидратор, и после 15 часа дехидрирање на 41 степен ги имате вкусните овошни кожички.
Можете да ги користите само нив, или пак да ги наполните со нешто по ваш избор.
Во случајов се наполнети со бадем, мед и кокосово масло.