Подземно богатство

5.0/5 оценка (1 гласови)
Подземно богатство

Состојки

  • 2 цвекла, средно големи
  • 2 моркови, средно големи
  • 6 мандарини
  • 2 лимона
  • 1 лажица ленено семе или чиа

Начин на подготовка

  1. Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).

  2. Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди.

  3. Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 10-15 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот

  4. Послужете веднаш и уживајте во прекрасниот вкус исполнет со хранливост.

  5. Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L густ кремаст сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.

Коментари (3)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.