Посна руска салата

Состојки
- 700 мл веганез
- 500 гр замрзнат грашок
- 500 гр замрзната пченка
- 1 тегла кисели краставички
- 3 средни компири
- 5 моркови
- хималајска сол по вкус
- црна хималајска сол-кала намак по вкус
Начин на подготовка
За да направите домашен, посен веганез, прочитајте ги инструкциите на следниов ЛИНК.
Во тенџере на оган ставете го да се вари замрзнатиот грашок, пченката, излупените компири и моркови.
Откога ќе се свари зеленчукот, компирот и морковите се сечкаат на коцкички и се ставаат во подлабок сад заедно со грашокот и пченката. Киселите краставички, исто така, се сечкаат на коцкички и се додаваат со останатите.
Додадете го и веганезот со останатите состојки и добро измешајте.
На крај, посолуваме со хималајска сол по вкус, а исто така додаваме и од црната хималајска сол- кала намак која во овој случај го имитира вкусот на варено јајце.
Ако сакате да направите помала количина, соодветно намалете ги и состојките.
На здравје!
Коментари (2)
MichaelEmuch
BennyScorn