Протеински бомбички од амарант

Состојки
- 50 гр сончогледово семе
- 50 гр ореви
- 50 гр бадеми
- ¼ лажичка сол
- ½ банана
- 2 мали лажички јаворов сируп или по вкус (или мед)
- 3-4 урми излупени и без семки
- 50 гр амарант
Начин на подготовка
Пуканки од амарант: Пуканките од амарант имаат сличен вкус и мирис како обичните пуканки само се многу помали. Одлично одат со јаткастите плодови и бананата во овој рецепт и даваат посебен шмек на овие бомбички. Овие пуканки се подготвуваат брзо и лесно, а се најинтересниот дел од овој рецепт. Ставете тава на висока температура за добро да се загрее.Не се додава никакво масло. Додавајте по 1 голема лажица амарант одеднаш, непрекинато мешајќи и за приближно 15 секудни ќе добиете пуканки. Повторете ја постапката со преостанатиот амарант и ставете го настрана.
Во процесорот за храна Magimix ставете го сончогледот, бадемите, оревите и солта и мешајте додека не се исецкаат. Не обработувајте ги премногу за да останат парчиња од јаткастото овошје.
На ред е да се направи сместата од банана и урми за да се сврзат состојките. Во блендерот Vitamix ставете ја бананата, урмите и јаворовиот сируп додека не се добие кремаста смеса.
Ставете ја оваа смеса во длабок сад и помешајте со јаткастото овошје. Направете топчиња од добиената мешавина и извалајте ги во пуканките од амарант.
Можете да ги чувате во фрижидер или во замрзнувач.
Коментари (1)
ashunkoo7yhi