Путер од кикирики - рецепт на Лилјана Давкова

5.0/5 оценка (1 гласови)
  • Порции: 4
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Путери
Путер од кикирики - рецепт на Лилјана Давкова

Состојки

  • 100 гр печени кикирики
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица маслиново масло
  • прсофат хималајска сол

Начин на подготовка

  1. Путер од кикирики, еден од повеќето рецепти кои ни ги испрати Лилјана Давкова за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

    Во процесот ставете ги печените несолени кикирики, вклучете го процесорот само грубо да ги сомеле, потоа ставете  го медот, маслотот и солта. Вклучете го процесорот да работи (не е никаква грешка да се заедно стави се во процесорот).

     
  2. Ќе биде потребно неколку пати да го отворите процесорот за да го соберете веќе добиениот путер од ѕидовите и да ја повторите постапката неколку пати.

     
  3. Путерот е готов кога ќе забележите дека е тој сосема кремаст и се појавува маслото. Добиениот путер ставете го во стаклено тегличе и чувајте го во фрижидер.

     

Коментари (2)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.