Путер од кикирики

Состојки
- 400 гр излупени печени кикирики
Начин на подготовка
Ставете ги кикириките во Vitamix садот и прицврстете го капачето.
Изберете менлива брзина 1, вклучете го блендерот и полека зголемете ја брзината до менлива 10, па до турбо брзина користејќи ја рачката (тампер) за да ги потиснете состојките до сечилата.
Кога путерот ќе почне слободно да тече низ сечилата (за приближно 2 минути) исклучете го блендерот, по потреба можете да додадете малку маслиново масло.
Чувајте го во добро затворен сад. Исто така, може да се замрзне за подолга употреба.
*Напомена - Путерот направете го со свежо печени и излупени кикирики, никако со излупени вакумирани кикирики, тие не само што не се здрави, туку напротив се и многу штетни за човековото здравје. Ако успеете да најдете и вистински струмички кикирики, ќе имате полн погодок.
Коментари (4)
ashunkvkdgiv
ashunkft66c7
RobertWrids
MichaelEmuch