Путер од макадамија

Состојки
- 450 гр макадамија (австралиски орев)
Начин на подготовка
Ставете ја целата макадамија во Vitamix машината.
Прво вклучете го на променлива брзина и зголемете ја од 1 до 10, а потоа вклучете го на максимална брзина.
Со помош на Тамперот низ отворот од малото капаче овозможете добра обработка, па блендирајте се додека не стане мазна смеса.
За околу 2 минути ќе добиете прекрасен крем путер кој слободно се движи низ ножевите на машината.
Со тоа веќе е готов перфектниот здрав путер од макадамија, кој се чува во фрижидер.
Забелешка – Ќе ви биде потребен блендер со високи перформанси (high speed blender) како што е Витамикс, за да го добиете вистинскиот вкус, кремаста и мазна структура
Коментари (2)
Нерегистрирани
Milanka Petrova
Макадамијата можете да ја најдете во продавниците за здрава храна каде што продаваат и друго јаткасто овошје. Поздрав.