Расолница

5.0/5 оценка (1 гласови)
Расолница

Состојки

  • Една зелка со средна големина (може да се измеша зелена и црвена)
  • Чиста филтрирана вода
  • Хималајска сол
  • Големa стакленa теглa

Начин на подготовка

  1. Најпрво зелката ставете ја да се исецка во процесор за храна или блендер. Можете да ја исечете и рачно само треба да биде добро иситнета како за салата.

  2. Ставете ја исечената зелка во голем сад каде што ќе треба добро да ја притиснете за да се намали нејзиниот волумен и да излезе сок. За тоа може да користите дрвена лажица.

  3. Ставете ја зелката во стаклената тегла на тој начин што ќе се реди слој по слој и врз секој слој се става прстофат сол.

  4. Освен сопствениот сок од зелката, треба да се додаде уште и чиста вода за зелката да биде облиена со вода. Капакот од теглата треба да биде добро затворен.

  5. Вака направена зелка оставете ја да стои на собна температура одвреме-навреме проверувајќи ја. Зелката ќе почне постепено да омекнува и да ферментира. Во зависност од годишното време ќе бидат потребни 5-8 дена за да се добие карактеристичниот вкус на расолницата.

  6. Откога ќе стаса според вашиот вкус, ставете ја теглата во фрижидер за да се намали понатамошното ферментирање.

Коментари (3)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.