Рататуј - рецепт на Лилјана Давкова

5.0/5 оценка (2 гласови)
Рататуј - рецепт на Лилјана Давкова

Состојки

  • ОСНОВА:
  • 1-2 помали тиквички
  • 1-2 модри патлиџани
  • 4-5 домати
  • СОС:
  • 4-5 домати
  • 1 глава кромид
  • 1 пиперка
  • 1-2 чешниња лук
  • 4 лажици маслиново масло
  • зачини по вкус- хималајска сол, црн бибер, магданос и босилек
  • ЗА ПОСИПУВАЊЕ:
  • 1 врзоп магданос
  • 1 пиперка
  • 2-3 чешниња лук
  • 3-4 лажици маслиново масло

Начин на подготовка

  1. Рататауј според рецепт на Лилјана Давкова која ни го испрати за наградниот предизивик „Гответе со нас“.

    ОСНОВА:Тиквичките, модриот патлиџан и доматите исечете ги на кругови и посолете.

  2. СОС: Во тава на масло, прво кратко потпржете го ситно сечканиот кромид и лукчето, околу 2 мин. Потоа, додадете ја ситно сечканата пиперка и продолжете да пржите уште 5 мин., па додадете ги ренданите домати, магданосот, босилекот, хималајската сол, и биберот, исто така продолжувајки сето заедно да се пржи уште 5-6 мин. Тргнете од огнот.

  3. ЗА ПОСИПУВАЊЕ: Во мал сад ставете ги ситно исечканиот магданосот, лукчето и пиперката. Сето ова залејете го со маслиновото масло и оставете настрана.

  4. Во садот подготвен во кој ке се прави Рататуј, прво истурете го доматниот сос, а врз него наредете ги исечените кругови модар патлиџан, домати и тиквичките. Откако ќе ги наредите сите парчиња, врз нив посипете ја смесата спремана од магданос и лук.


  5. 5. Ставете во рерната да се пече на 180-200 степени целзиусови околу 60 мин.

    Совет: Ако сте љубител на лутиот вкус, можете да ставете лути пиперки, наместо благи.

Коментари (4)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.