Жива торта со јагоди

Состојки
- КОРА:
- 220 гр сурови бадеми, киснети 2 часа и исплакнети
- 220 гр свеж или сув фино изрендан кокос
- 110 гр урми, излупени и без семки
- 60 гр какао во прав
- ¼ лажичка цимет
- Прстофат кајен пипер
- ФИЛ ОД КОКОС:
- 200 гр кокосови снегулки
- 5 банани
- 3 големи лаж. кокосово масло
- 4-5 урми, излупени и без семки
- Семе од 1 ванила
- Неколку јагоди пресечени на половина
- ГОРЕН ЧОКОЛАДЕН СЛОЈ:
- 100 гр кокосови снегулки
- 3 големи лаж. кокосово масло
- 60 гр. какао во прав
- 6 урми, излупени и без семки
- Семе од 1 ванила
- ¼ лажичка цимет
- Прстофат кајен пипер
- УКРАС:
- Јагоди, цреши, малини по потреба
- 1 лажичка мед
Начин на подготовка
Кора: Ставете ги состојките во процесор со храна со сечило S и мешајте додека не добиете зрнеста текстура. Ставете настрана.
Фил од кокос: Изблендирајте ги состојките во Vitamix додека не добиете кремаста смеса.
Чоколаден слој: Изблендирајте ги состојките во Vitamix додека не се добие густа и мазна смеса. Може постепено да додавате вода по потреба за добро да се измешаат состојките.
Смесата за кора распоредете ја рамномерно во калап за торта од 23 цм или 9 инчи, намачкан со малку кокосово масло.
Надолжно пресечените половини јагоди наредете ги така што внатрешниот дел да биде залепен за калапот. Помалите парчиња искористете ги за украс.
Истурете го кокосовиот фил.
Ставете го калапот во замрзнувач 2 часа за да се зацврсти.
Истурете го и нанесете го горниот чоколаден слој. Повторно замрзнете додека не се заврсти.
Кога е готова за послужување, најпрво украсте со овошјето.
За да направите глазура изблендирајте го медот со неколку јагоди и ставете го на крај.
Коментари (5)
ashunk5hwd8t
ashunkx9zzrq
ashunksj4rp6
BennyScorn
AlfredSoppy