Роденденска торта

5.0/5 оценка (3 гласови)
  • Порции: 12
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Десерти
Роденденска торта

Состојки

  • ЗА КОРА:
  • 100 гр брашно од индиски орев
  • 250 гр. брашно од макадамија
  • 200-250 гр излупени меки урми
  • Семе од 1 ванила
  • прстофат хималајска сол
  • ЗА СЛОЈОТ СО БАНАНИ:
  • 2 банани исечени на кругчиња
  • ЗА СЛОЈОТ СО ВАНИЛА СЛАДОЛЕД:
  • 200 гр. сурови индиски ореви, потопени во вода 2 часа
  • 2 банани
  • 100 мл филтрирана вода или по потреба
  • 50 мл јаворов сируп
  • 2 лаж. ванила екстракт или 1/2 ванила
  • прстофат хималајска сол
  • 100 мл стопено кокосово масло
  • ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ:
  • 50 мл кокосово масло
  • 50 гр какао путер
  • 2 лажици какао
  • јаворов сируп по вкус

Начин на подготовка

  1. Брашното од индиски орев и макадамија го направивме во додатокот за суво мелење на Vitamix блендерот.

    Сите состојки за подготовка на кората се ставаат во најголемиот сад на Magimix процесорот за храна, и се мелат се додека не станат сврста хомогена смеса, во вид на тесто.

  2. Половина од добиената смеса ставете ја во калап за торта од 22 цм, и убаво натапкајте, за да има убава хоризонтална линија.

    Другата половина од смесата, треба да се додаде врз слојот од ванила сладолед.

  3. Направете го сладоледот од ванила со блендирање на индиските ореви, бананите, водата, јаворовиот сируп, ванилата и солта додека не се добие кремаста смеса. Додадете го и стопеното кокосово масло и изблендирајте уште еднаш на кратко.

    Истурете ја целата смеса врз кората.

     

  4. Наредете ги кругчињата од банани врз слојот од ванила сладолед и ставете во замрзнувач 2 часа.

    Откако слојот од ванила ќе биде доволно замрзнат, додадете го вторит дел од кората и убаво измазнете.

    Извадете ја тортата од модлата.

  5. На крај стопете ги состојките за чоколадниот прелив, и прелијте врз целата торта.

    Вратете ја во замрзнувач целата торта.

    Доколку сакате да сечете парчиња од неа, би требало да ја извадите 20 минути да се одледи.

     

Коментари (1)

  • ashunkrzj4wn

    19 Декември 2016 u 05:57 |
    sildalis online pharmacy canada viagra metformin buy methotrexate online mobic

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.