Ролат од рогач

Состојки
- 3-4 банани
- 125 гр рогач
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 15 излупени урми
Начин на подготовка
Сите состојки се ставаат во процесорот за храна Magimix во најголемиот сад, па се обработуваат се додека не добиете еднаква смеса.
Потоа смесата се реди на силиконски подлошки во Excalibur дехидраторот и се остава да се дехидрира на 41 степен околку 12-15 часа.
Откако кората ќе биде готова, ќе ја извадите т.е одлепите од силиконската подлошка, па по целата површина ќе го намачкате филот кој е составен од :
- 2 банани
- 30 мл кокосово масло
- 30 гр рендан кокос
- 1 лажица мед
На крај ќе ја завиткате кората, со веќе нанесениот фил и ќе го исечете ролатот на парчиња дебели околу 1 см.
Верувам дека многу ќе ви се допадне овој рецепт.
Коментари (5)
ashunkzwvxta
ashunk2avfhm
AlfredSoppy
MichaelEmuch
CharlesSmabe