Романеско супа

Состојки
- 3 стракчиња праз
- 4 големи компири
- 1/2 глава виолетов карфиол
- 1/2 глава брокула
- 1 глава романеско карфиол
- 2 лажици домашна вегета
- хималајска сол по вкус
Начин на подготовка
Мене лудо ме привлече неговиот изглед, незнам дали затоа што неможе често да се сретне кај нас во Македонија, или пак тој е навистина привлечен и атрактивен.
Можам со часови да гледам во неговите совршено распоредени цветови во светло зелена боја.
Ми делува тотално нереално, и се прашувам како е можно да израсне такво совршенство.
Романеско карфиолот е дефинитивно најубавиот зеленчук според мене, но освен тоа што е многу атрактивен, тој е и многу вкусен.
Да се вратиме на супата :-)
Празот, компирот и 1/2 од романеско карфиолот ставете ги да се варат.
Кога ќе бидат готови ставете ги во Vitamix садот за да се изблендираат.
Вратете ги во садот во кој се вареле, и додатете сол , домашна вегета.
Додадете ги и карфиолите и брокулата исечени на делови со големина од 2-4см.
Супата нека се вари на тивок оган уште 10тина минути, затоа време ќе омекнат и зеленчуците од иста фамилија.
Ставете по една лажица сок од цеден лимон во секоја чинија!
Добар апетит!
Коментари (4)
ashunk8xn3ot
EugenevaH
TracyCib
CharlesSmabe