Салата со рукола, краставица и авокадо

Состојки
- 200 гр рукола
- 1 краставица
- 1 авокадо
- сок од 1/2 лимон
- хималајска сол по вкус
- сусамово масло по вкус
- 1 лажичка сусам
Начин на подготовка
Руколата е исклучително хранливо зеленолиснато растение кое има малку калории, а е богато со значајни фитохемикалии, антиоксиданти, витамини А, Ц, Б и К, како и минерали и електролити како калциум, железо, калиум, манган и фосфор. Со оваа салата на одличен начин може да ги почувствувате нејзините здравствени придобивки.
Убаво измијте ги листовите од руколата и исечете го авокадото на коцки.
Поминете ја краставицата на спирализер, како би добиле долги шпагети.
Измешајте ги сите зеленчуци и зачинете со хималајска сол, додајте 1/2 цеден лимон, сусамово масло и сусам.
Добар апетит!
Коментари (3)
ashunknxhtlc
ashunkt4uh3i
RobertWrids