Салата во ролна - рецепт на Ана Симова

Состојки
- 8 листа блитва
- 1 голем морков
- 1 домат
- 1 краставица
- 1 мала конзерва пченка
- 1 големо или 2 мали авокада
- магдонос
- сок од 1/2 лимон
- лук по вкус
Начин на подготовка
Салата во ролна, рецептот на Ана Симова доби најмногу гласови на наградниот предизвик „Гответе со нас“ и го зема првото место.
Доматот и краставицата се сечкаат на мали коцки. Морковот се ренда. Се тргнуваат настрана.
За да се подготви сосот од авокадо, потребно е да се стават авокадото, лукот, магдоносот и сокот од лимон во процесор за храна неколку минути. Се тргнува на страна.
Се зема лист од блитва, се сече дршката и на средина се мачка сосот од авокадо. Врз него се става малку од исечканите домати и краставици, морков и пченка. Листот се витка како што се витка сарма на традиционален начин. Може да се исече на пола за сервирање.
Постапката се повторува и со другите листови и јадењето е готово! :)
Коментари (1)
AlfredSoppy