Салеп

5.0/5 оценка (1 гласови)
Салеп

Состојки

  • 2 лажички салеп во прав
  • 850 мл млеко од лешник
  • 3 лажички кафен шеќер
  • јаворов сируп по вкус - изборно

Начин на подготовка

  1. Исцелителната моќ на салепот доаѓа од глукомананот кој ги лечи респираторните проблеми како бронхитис или кашлица. Го поттикнува срцето и умот, запира дијареа и го загрева телото. Посебно кога се конзумира со ѓумбир или цимет, ефектот се засилува. Освен што ги поседува овие лековити својства, за салепот се верува дека е и одличен афродизијак. Измешајте го добро салепот во прав со кафениот шеќер во длабок сад.

    Повеќе за салепот можете да прочитате на овој линк.

     

  2. Полека додајте го ладното лешниково млеко додека убаво не се соединат состојките. 

  3. Добиената смеса ставете во тенџере на тивок оган и мешајте додека не зоврие за приближно 10 минути. За подобар вкус, изборно може да додадете јаворов сируп по вкус.

  4. Салепот се служи топол наросен со мелен цимет, мускатно оревче или ѓумбир во прав. 

Коментари (4)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.