Сарма

5.0/5 оценка (2 гласови)
Сарма

Состојки

  • 100 гр. ореви
  • 250 гр. свеж пашканат
  • 8 листови кисела зелка
  • 200 гр. рендана кисела зелка
  • 10 мл. маслиново масло
  • 10 мл. лимонов сок
  • бибер
  • мускатен орев
  • тамари
  • хималајска сол

Начин на подготовка

  1. Во Magimix просецорот за храна ги додаваме оревите, заедно со биберот и мускатниот орев. Во моментот кога ќе бидете задоволни од големината на “меленото месо” додајте тамари и уште малку промешајте.

  2. Исто така во процесорот на посебно место ќе го ставите пашканатот на поголеми парчиња, малку тамари и хималајска сол.

  3.  Иситнете го до големина на варен ориз, па добиената смеса промешајте ја со смесата со оревите, додајте ја изренданата кисела зелка и уште еднаш убаво промешајте.

  4. И веќе можете да ја виткате сармата на традиционалниот начин …

Коментари (3)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.