Саси ароматизирана вода

Состојки
- 2 литри свежа вода (користете вода со добар квалитет, чиста и филтрирана)
- 1 лажичка изрендан свеж ѓумбир
- 1 средна краставица, излупена и тенко насечена
- 1 среден лимон, тенко исечен
- 12 свежи ливчиња нане
Начин на подготовка
Саси вода е именувана од магазинот Превенција (Prevention) во чест на Синтија Сас која го создала овој рецепт за диетата „Рамен стомак“. Тоа е вода со вибрација и има подобар вкус од обичната вода. Исто така, речиси и нема калории, а ѓумбирот всушност помага во смирувањето на дигестивниот систем.
Саси водата лесно може да ја подготвите во вашиот дом и дејствува навистина освежувачки, особено во жешките летни денови.Добро измијте го лимонот пред да го исечете.
Ставете ја водата во голем стаклен бокал или во друг стаклен сад.
Додадете го изренданиот ѓумбир, исечканата краставица, лимонот и ливчињата нане.
Покријте го бокалот и ставете го фрижидер. Оставете да стои преку ноќ за водата да добие арома од ставените состојки.
Пијте ја водата наредниот ден. Ако ја пиете водата во склоп на диета, придржувајте се на упатствата на диетата. Во спротивно, едноставно уживајте во овој освежителен пијалак преку денот.
Коментари (4)
ashunkjo8rhb
MichaelEmuch
PeterAlatt
KennethTut