Шпагети Елмо

5.0/5 оценка (2 гласови)
Шпагети Елмо

Состојки

  • 2 тиквички
  • сок од 1 глава цвекло
  • 2 лажички веганез
  • 1 маслинка
  • магдонос за украсување
  • хималајска сол по вкус
  • 1 шери домат
  • 1 цеден лимон
  • 1/2 морков
  • 3-4 индиски оревчиња

Начин на подготовка

  1. Со спирализер направете шпагети од тиквичките, потоа потопете ги во сокот од цвекло за да се добие розева боја и ставете сол по вкус и 1 цеден лимон.

  2. Со гранчињата магдонос направете веѓи, врз нив ставете по една лажичка веганез како очи и на крај додадете ги пресечените маслинки.

  3. Шери доматот ставете го на местото на нос, морковот како уста, а индиските оревчиња како заби.

  4. Ќе добиете вкусен и здрав оброк, на кој децата не можат да му оддолеат.

Коментари (2)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.