Шпагети со алфредо сос и спанаќ

Состојки
- ЗА ШПАГЕТИ:
- 1 портокалова тиква
- ЗА "ОВЕНАТ СПАНАЌ"
- 5 до 6 грста млад спанаќ
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици лимонов сок
- сол и бибер
- 300 гр алфредо сос
- 250 гр маринирани шитаке печурки
Начин на подготовка
Со помош на спирализер направете шпагети од тиквата. Додадете неколку лажички хималајска сол и оставете ги да постојат најмалку 10 минути. Потоа, исплакнете ги, исцадете и исушете ги добро пред да го додадете сосот.
Со чисти раце, нежно помешајте го спанаќот со останатите состојки за да „овене“. Зачинете со сол и бибер.
Измешајте ги исушените шпагети со спанаќот и шитаке печурките.
Во чинијата за сервирање ставете слој од измешаните шпагети, па додадете го алфредо сосот.
Ставете ги преостанатите шпагети врз сосот.
Алфредо сосот претставува изненадување во целиот оброк.
На крај наросете од иситнетата чубрика и зачинете сос сол и бибер.
Добар апетит!
Коментари (1)
TracyCib