Сирење од индиски ореви

Состојки
- 260 гр индиски ореви или макадамија
- 130 мл чаша вода
- 5 гр пробиотици
- 1,5 гр хималајска сол
- 10 гр деактивиран квасец
Начин на подготовка
Избледнирајте ги првите три состојки во брз блендер додека не се добие хомогена смеса. Ставете ја добиената смеса во цедилка која е покриена со газа и ставете тежок предмет врз него.Предметот не треба да биде толку тежок за да го истиснува сирењето низ газата, но доволно тежок за нежно да ја истиснува течноста. Оставете ја сместа да стои најмалку 24 часа, но не повеќе од 48 часа.
Откога процесот е завршен додадете ја хималајската сол и деактивираниот квасец.
Преместете го сирењето во кружна модла.
Ако сте користеле макадамија: Можете да ја отстранете модлата и да го ставите во фрижидер или да ја отстраните модлата и да го ставите во дехидратор на 40 степени целзиусови за да добие кора.
Ако сте користеле индиски ореви: Можете да го ставите во фрижидер со кружната модла затоа што смесата со индиски ореви не е толку цврста како онаа со макдамија. Оставете да стои 24 часа и потоа отстранете ја кружната модла.Или можете да го ставите во фрижидер.
Коментари (2)
ashunk27hbpn
TracyCib