Сладолед од банана и индиски ореви

5.0/5 оценка (1 гласови)
  • Порции: 4
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Десерти
Сладолед од банана и индиски ореви

Состојки

  • 130 гр индиски ореви
  • 2 смрзнати банани
  • 60 мл вода
  • 30 мл кокосово масло
  • Семе од ½ ванила
  • 2 лажици мед или 10 урми

Начин на подготовка

  1. Бананите се кршат на половина и се додават заедно со другите состојки во садот за влажна обработка. Се пушта машината на ON, потоа брзо го вртите кружното копче од 1 до 10, па вклучувате на турбо брзина.

  2. Со помош на TAMPER (долгата рачка), кој се става преку малиот отвор на капакот од садот, го потпомагате миксирањето се додека не добиете хомогена кремаста структура.
    Сладоледот е готов кога ќе се формираат 4 идентични ритчиња (гледајќи одозгора).

  3. Можете да го послужите сладоледот, или пак да го ставите во силиконски калап во замрзнувач, за да добие убава форма.

Коментари (2)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.