Сок од калинка

5.0/5 оценка (1 гласови)
Сок од калинка

Состојки

  • 5 калинки
  • вода

Начин на подготовка

  1. Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо.

    Во однос со другите сокови, виното како и зелениот чај, калинката односно нејзиниот сок, содржи најмногу антиоксиданти, конкретно 30 мл. сок од калинка содржи 3 пати повеќе антиоксиданси од 30 мл зелен чај или црвено вино. Тие го штитат телото од вишокот слободните радикали кои се наоѓаат во крвта.

  2. За да го исцедиме сокот од калинката овојпат користевме Penguin Citrus Juicer.

    Ова беше првпат да биде користен за цедење на калинка,но добро си ја заврши работата.

    Претпоставуваме дека може и било каква електрична цедалка да го направи истото.

     

  3. На крај додаваме околку 20% вода во сокот за да се разреди.

    Напомена: Контраиникации може да имаат луѓе со зголемена киселост на желудникот, гастрични заболувања на дигестивните органи и панкреатит. Сепак, за да немате проблеми со желудникот, дури и оние кои се совршено здрави, препорачливо е чудесната слатко-кисела течност да се консумира разредена со вода или со друг некисел сок, пример од моркови, јаболка, целер.

Коментари (3)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.